Бизнисуслуги.мк е виртуелна канцеларија каде можете да ги добиете сите видови преведувачки услуги, реализација и развој на веб страници и интернет продавници, маркетинг услуги и услуги од областа на финансии и сметководство
Наместо висок и постојан трошок за професионален преведувачки, ИТ и финансиски кадар, дознајте го бенефитот од аутсорсингот што е пракса во компаниите со модерен менаџмент. На нашите партнери им овозможуваме преводи на сите видови документи (судски преводи, преводи на интернет страници и локализација, толкување, консекутивно преведување и лектура) како и комплетно креативно решение за развој на вашиот сајт (со вклучен Е-маркетинг, ПР, развој и стратегија за Е-продавница), како и целосна услуга од областа на сметководството, помош во вашата организација на бизнисот и подготовка на даночните пресметки.
ПРЕВОДИ
ВЕБ ДИЗАЈН
СМЕТКОВОДСТВО
НАШИ ПРОЕКТИ
Можеби ќе ви се допадне она што го работиме... Кликнете и проверете!
Преведувачки услуги
Ние сме тим на стручни преведувачи, дипломирани филолози, со повеќегодишно искуство во преведување, толкување и лектура. Нашата работа се одликува со флексибилност, ефикасност и доверливост. Нудиме висококвалитетни и професионални услуги по конкурентни цени со цел да ги задоволиме сите барања на нашите клиенти.
Најдобар избор за превод на сите видови документи
Преводите ги вршат професионални преведувачи, дипломирани филолози по англиски, германски, албански, турски, руски, италијански, француски, шпански, словенечки, српски, хрватски, бугарски, чешки, грчки и шведски јазик. Нашите преведувачи се професионалци со богато искуство во преведување на сите видови текстови, а по потреба соработуваме и се консултираме со професионалци кои работат во областа како адвокати, лекари, сметководители, градежни инженери, машински инженери, архитекти и сл. со кои се проверува точноста и адекватноста на преводот.
Стручни преводи на следниве јазици
Заверени преводи се нарачуваат за превод на разни службени документи: дипломи, сертификати, уверенија, исправи, пасоши, возачки дозволи и сл. Документите ги испраќаме преку курирска служба или препорачано на Вашата адреса.
Заверени преводи од овластени судски преведувачи
Лектура и коректура е постапка на отстранување на граматичките и правописните грешки од некој текст. Најчесто станува збор за дипломски и научни трудови, деловни документи, веб страници, книги за печатење, прирачници и каталози, брошури и промотивни материјали.
Лектура и коректура на сите видови текстови
За бесплатна проценка на цена на превод или лектура, испратете ни го Вашиот текст преку Е-маил и ние веднаш ќе ви одговориме.
Бесплатна проценка
ШТО НУДИМЕ
Со цел да ви помогнеме да ја развиете вашата компанија покрај преведувачките услуги нашите експерти можат да ви помогнат и во следниве области:
МАРКЕТИНГ
Креирање и развој на интернет маркетинг стратегија за Вашиот бизнис, подобрување на изгледот и посетеноста на Вашата веќе постоечка веб страна или интернет продавница, како и управување и водење на социјалните мрежи и организирање на наградни игри преку дигиталните медиуми...
ВЕБ РАЗВОЈ
Изработка и дизајн на веб страни и професионални интернет продавници (со вклучен маркетинг), креирање на текстуални содржини, илустрации, подобрување на перформансите на веќе постоечки веб страни и имплементирање на новите трендови
СМЕТКОВОДСТВО
Стручни финансиски, даночни, сметководствени и консултантски услуги за мали, средни и големи претпријатија, непрофитаблни организации, трговци-поединци и странски инвеститори кои инвестираат во нови бизниси во Македонија.
Новости
Ако ве интересираат вести и новости од гореспоменатите области, посетете го нашиот блог. Нема што да изгубите!