Што придонесува во животот и работата да бидете поуспешни од другите?

Интелигенцијата и работата играат важна улога, но и нешто друго е многу важно, а тое се нарекува емоционална интелигенција, и во најкратки црти се однесува на тоа како се носиме со нашите чувства. „Оние што ја поседуваат се сигурни во себе, работат во склад со своите цели, лесно се прилагодуваат и многу побрзо се опоравуваат од стрес“, пренесува „Huffington Post“.

„Животот е многу полесен доколку ја поседувате“. Таа има пет основни компоненти, а тоа се: самосвесност, саморегулација, мотивација, социјални вештини и способност за емпатија. Во некои подрачја сме посилни, но неко послаби, но сите имаме капацитет да се подобриме. Кои се знаците на силна емоционална интелегенција?

Ве интересираат луѓето кои не ги познавате доволно.

Свесни сте за сите свои предности и маани.

Знаете како да се концентрирате и внимавате и не дозволувате така лесно да ве збунат.

Кога сте вознемирени, ги знаете вистинските причини за тоа.

Можете да најдете заеднички јазик со поголем број на луѓе.

Знаете кога е време да успорите.

Успешно оценувате како се чувствуваат другите.

Брзо станувате по паѓањата. Со други зборови, полесно се носите со критиката и грешките од многу други.

Знаете да кажете не.

Знаете како да се мотивирате.

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *